недела, 18 мај 2025

Додик: Интерпол повторно одби да распише потерница по мене

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави денес дека Интерпол со повторното одбивање да распише меѓународна потерница по него јасно порачува дека станува збор за политички прогон и истакна дека е задоволен од таа одлука.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Беше доволно и првиот пат кога Интерпол порача дека не станува збор за криминал, туку за политички прогон и порача да се откаже од тоа, но тие продолжија понатаму. По ова не знам што уште би можеле да направат“, кажа Додик за РТРС.

Тој кажа дека е задоволен од одлуката.

„можам да бидам задоволен од фактот што многу земји не прифатија такво нешто. Единствената организација во светот која се бави со прогон на криминалци е Интерпол. Ако тие велат дека тоа е политички процес, тогаш тоа е точка, но не и за политичко Сараево, кое ќе се обиде да најде некоја нова можност за да ја одржи таа тема во живот“, кажа Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ