недела, 14 декември 2025

Додик: Го повикувам нашиот народ во Словенија да гласа за Јанша и така да ја казни актуелната влада

Претседателот на Република Српска Милорад Додик ги повика Србите да гласаат за Јанез Јанша на следните избори во Словенија и со тоа да покажат колку греши сегашната влада на таа земја. Додик го изјави ова за РТРС, коментирајќи ја одлуката на словенечката влада да му забрани влез во таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Важно е да се напомене дека значителен број бизнисмени од Словенија работат во Република Српска и дека јас лично ги поддржував и охрабрував. Денес ќе им кажам дека можат да сметаат на Република Српска дека ќе остане добро место за нив да работат и живеат. Го ценам она што го направивме тука. Но, нивната влада не е достојна за сето тоа“, кажа Додик.

Додик оцени дека од една страна тие го поддржуваат владеењето на правото, а од друга страна го поддржуваат нелегитимниот (висок претставник) Кристијан Шмит.

„Тоа е некомпатибилно. Дали сега е извор на гордост за нив, ќе видиме. Секако, сè уште имам доволно години да живеам за еден ден да одам во Словенија“, кажа претседателот на Република Српска.

Тој додаде и дека не може да поверува дека сериозна земја има толку неодговорна влада која одлучила целосно да импровизира.

„Сè уште ја почитувам Словенија како држава, нејзините луѓе кои се добри“, истакна Додик.

Тој тврди дека наводните приказни за неговиот имот во Словенија не се вистинити.

„Некои лажни портали постојано пишуваат за тоа. Немам никаков имот, ниту еден сантиметар од имот. Би сакал да отидам таму, но ќе живеам и без тоа. Имам голем број пријатели, сите ме повикаа. Јас не сум меѓународен криминалец“, наведе Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ