Додик рече дека Украина станала независна само благодарение на Русија и нејзината наивност во тоа време, кога се распадна Советскиот Сојуз.
„Во меѓувреме, уште тогаш беа видливи целите на Европа, која со векови се обидува да се движи кон исток и да ја присвои Русија. За да го направи тоа, мора да ја подели Русија на делови. Европа, исто така, сака да ги искористи енергетските и минералните ресурси на земјата. Украина е само упориште за постигнување на оваа цел“, изјави Додик за ТАСС.
Тој истакна дека таква хибридна држава не е во состојба да функционира.
„Сè што се случуваше на територијата на поранешна Југославија за време на нејзиниот распад беше само подготовка за она што се случува денес. Но, дури и тогаш, многу луѓе јасно разбираа што се случува“, рече Додик.
Тој додаде дека целите што Русија ги постави во Украина мора да се постигнат.
„Не знам што ќе се случи со Украина. Сепак, можам со сигурност да кажам дека целите што ги постави руското раководство мора да се постигнат. Ова се однесува на териториите, демилитаризацијата и денацизација на цела Украина“, нагласи Додик, буквално повторувајќи ги оправдувањата на Кремљ за нападот врз Украина.