среда, 18 март 2026

Додик: Британија, Германија и Франција сакаат „обоена револуција“ во Србија

Британија, Германија и Франција се обидуваат да спроведат „обоена револуција“ во Србија, дестабилизирајќи ја и распарчувајќи ја земјата, изјави претседателот на Република Српска Милорад Додик во интервју за ТАСС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сега никој не ја исклучува можноста дека станува збор за таканаречена обоена револуција, наметната однадвор – од Британците, а верувам и од Германците и Французите – со цел ослабување на Србија. Целта не е само да се дестабилизира земјата, туку и всушност да се распарчи, што, секако, би ја ослабнало и силата на српскиот народ на Балканот“, кажа Додик.

Според него, јасно е дека постојат одредени структури кои формално се нарекуваат невладини, „но тие се управувани од центри на влијание однадвор, кои контролираат одредени процеси“. Овие процеси, додаде тој, вклучуваат многу луѓе чии мотиви се суштински против Србија.

„Претседателот Александар Вучиќ и неговите политики ги поддржуваат мнозинството гласачи, што го признаваат практично сите. Доколку избори се одржат сега, тие ќе покажат дека сегашната влада, предводена од Вучиќ, има поддршка да продолжи со својата работа“, смета Додик.

„Сепак, постои еден момент: ако овие кругови продолжат да ја играат улогата што им е наметната, по инструкции или по сопствена иницијатива, самите избори ќе станат бесмислени. Сè би се повторило“, забележа Додик.

Во исто време, како што наведе, во тек е уште еден процес:

„Она што не успеаја да го постигнат во Србија, се обидуваат да го постигнат во Република Српска“.

Тој истакна дека процесот кој се води против претседателот на Република Српска преку наметнати неуставни судови треба да ја дестабилизира ситуацијата во земјата.

„Јасно е дека нивниот поволен момент помина. Тие нема да успеат да ги остварат своите цели ниту во Србија, ниту во Република Српска. Можно е одредени форми на дестабилизација да продолжат, но Србија ќе остане силна, заедно со Република Српска“, заклучи Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ