понеделник, 13 април 2026

Додик: Американскиот амбасадор сака да ме убие

Откако американската амбасада во Босна и Херцеговина со недели преку социјалните мрежи прашува каде се парите на Република Српска, лидерот на босанските Срби Милорад Додик денес го обвини амбасадорот на Соединетите Американски Држави дека подготвува негово убиство, а тврди и дека тој прима мито иако, како што самиот призна, нема докази за тоа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Додик со години е во вербален судир со сите американски амбасадори кои се изредија во БиХ уште од владата на Барак Обама, а сè ескалираше во изминатите три години откако на таа позиција дојде Мајкл Марфи и САД воведуваат сè повеќе санкции против раководството ан босанските Срби.

Сега под санкции, покрај Додик и неговото семејство, се сите негови најблиски соработници, вклучувајќи ги сите лидери на РС и членката на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ.

Денес Додик кажа дека Марфи за политиката која ја спроведува добива пари, односно мито од бошњачката страна, но не понуди никаков доказ за тоа.

„Јас не можам да тврдам, само го пренесувам она што го слушнав и што може да се слушне во кулоарите“, кажа Додик на прес-конференција, додавајќи дека тоа го слушнал од луѓе од Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) „кои тоа го следат“.

Кажа и дека политиката на санкции не дала резултатите кои Американците ги очекувале па на Марфи сега му останува само физички да го ликвидира.

„Му преостана уште тоа да го направи, да даде налог и да се договори со своите екстремни служби. Мислам дека тој е спремен на тоа“, кажа Додик, додавајќи дека сепак верува дека во САД има разумни луѓе кои тоа нема да го дозволат.

Претходно Додик кажа дека се надева на победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД и верува дека тоа ќе придонесе до промена на политиката на Вашингтон кон БиХ односно ќе донесе „повеќе разбирање“ за ставот на РС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ