недела, 21 декември 2025

Добитничката на Нобеловата награда за мир му ја посвети наградата на Трамп

Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, која денес ја доби Нобеловата награда за мир за 2025 година за борбата против диктатурата во нејзината земја, делумно му ја посвети наградата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој постојано повторуваше дека токму тој ја заслужува.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„О, Боже… Немам зборови“, кажала Мачадо во телефонски разговор со секретарот на одборот кој ја доделува, Кристијан Берг Харпвикен.

Нејзината реакција беше објавена од Нобеловиот комитет на социјалните мрежи.

„Ви благодарам многу, но се надевам дека разбирате дека ова е цело движење, ова е достигнување на целото општество. Јас сум само една личност. Сигурно не ја заслужувам“, додаде таа.

Подоцна таа во објава на платформата Икс на англиски јазик напиша: „Ја посветувам наградата на напатениот народ на Венецуела и на претседателот Трамп за неговата решителна поддршка на нашата кауза!“

Трамп е жесток критичар на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, а Соединетите Американски Држави се една од земјите во светот кои не ја признаваат легитимноста на неговата влада.

Белата куќа претходно ја критикуваше одлуката на норвешкиот Нобелов комитет да се фокусира на Венецуела само неколку дена откако Трамп објави напредок во разговорите за прекин на борбите во Газа меѓу Израел и Хамас.

„Претседателот Трамп ќе продолжи да склучува мировни договори, да ги прекинува војните и да спасува животи… Нобеловиот комитет докажа дека ја става политиката над мирот“, порача портпаролот на Белата куќа Стивен Чунг, на социјалната мрежа Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ