четврток, 10 април 2025

Дмитриј Песков: Проблемот со иранската нуклеарна програма треба да се реши само со дипломатски средства

Русија смета дека проблемот со иранската нуклеарна програма треба да се решава исклучиво со политички и дипломатски средства, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Сметаме дека проблемот со иранската нуклеарна програма треба да се разговара и да се реши само преку политички и дипломатски средства. Исклучиво“, рече Песков на прашањето што мисли Кремљ за американската закана за бомбардирање на Иран и за водење на директни преговори меѓу САД и таа земја, пренесува РИА Новости. Тој рече дека Иран е сојузник на Русија, и дека е земја со која Руската Федерација има развиени односи.

„Знаете дека сега сме ангажирани во обнова на нашите односи со Соединетите Американски Држави, но Иран е и наш партнер, сојузник со кој имаме многу развиени и мултилатерални односи“, изјави Песков.

Зборувајќи за ситуацијата со Иран, портпаролот на Кремљ истакна дека сите страни мора да покажат воздржаност и да се фокусираат на дипломатските напори. „И, се разбира, веруваме дека сите страни овде треба да задржат апсолутна воздржаност и да се фокусираат особено на дипломатските напори кога разговараат за сите прашања“, заклучи Песков.

Претходно, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран во писмо до американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли директните преговори со Вашингтон за нуклеарната програма и простор за преговори е отворен само со посредство на трети земји.

Во исто време, во интервју за Ен-би-си Њуз, Трамп се закани со „бомбардирање без преседан“ доколку САД и Иран не склучат договор.

Во 2015 година, Велика Британија, Германија, Кина, Русија, САД, Франција и Иран постигнаа нуклеарен договор (ЈЦПОА), кој вклучуваше укинување на санкциите во замена за ограничување на иранската нуклеарна програма. За време на претходното претседателство на Доналд Трамп, САД се повлекоа од ЈЦПОА во мај 2018 година и ги обновија санкциите кон Техеран.

Како одговор, Иран најави постепено намалување на обврските од договорот, напуштајќи ги, особено, ограничувањата на нуклеарните истражувања и нивото на збогатување ураниум.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ