недела, 7 декември 2025

Директорот на ФБИ во тајна посета на Кина за разговори за фентанилот

Директорот на американското Федерално истражни биро (ФБИ) Каш Пател ја посетил Кина минатата недела за да разговара со официјални лица за фентанил и прашања поврзани со спроведувањето на законот, изјавиле две лица запознаени со неговото патување, по самитот меѓу американските и кинеските лидери на кој двајцата го поздравија „консензусот“ по ова прашање.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лице запознаено со патувањето на Пател изјавило дека директорот на ФБИ отпатувал во Пекинг во петокот и останал еден ден. Тој разговарал со кинеските претставници во саботата, изјавил изворот за Ројтерс.

Истакнати се криминалните ризици со кои може да се соочат извозниците при испорака на хемикалии во одредени земји со „висок ризик“, како што се САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги преполови царините за кинески стоки, воведени како казна за протокот на фентанил, на 10 отсто, откако постигна договор за време на разговорите со кинескиот лидер Си Џинпинг минатиот месец.

Си „ќе работи многу напорно за да го запре протокот“ на фентанил, смртоносната синтетичка дрога кој е водечка причина за смртни случаи од предозирање во Америка, изјави Трамп пред новинарите по разговорите.

Министерот за финансии на САД Скот Бесант кажа дека деталите за новиот консензус ќе бидат разработени преку нова билатерална работна група. Не е познато дали Пател разговарал за новиот механизам за време на неговата посета на Пекинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ