петок, 11 јули 2025

Директорот на ЦИА: Американските воздушни напади сериозно ги оштетија иранските нуклеарни објекти

Директорот на ЦИА Џон Ратклиф изјави дека американските воздушни напади „сериозно ги оштетиле“ нуклеарните објекти на Иран и ги вратиле неколку години назад, што е спротивно на извештајот што протече во јавноста и го налути претседателот Доналд Трамп заради потценување на ефектот на американскиот напад, јави Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ратклиф рече дека објектите се клучни за нуклеарната програма на Иран, но нема потврда дека нуклеарната програма на Иран е целосно елиминирана. Неговите коментари дојдоа откако Си-ен-ен, повикувајќи се на прелиминарна анализа од разузнавачката агенција на Пентагон (ДИА), објави дека американските напади веројатно не предизвикале долгорочно нарушување на иранските капацитети за производство на нуклеарно оружје, туку само ги одложиле за неколку месеци.

Претседателот Трамп, пак, рече дека нуклеарните објекти на Иран се „срамнети со земја“. Вчера, тој ги нападна медиумите и нивните „лажни вести“, велејќи дека тие „лажеле“ за влијанието на воздушните напади и „целосно погрешно ги протолкувале фактите што дури ги немале“.

Тој, исто така, објави дека министерот за одбрана Пит Хегсет и други воени претставници ќе одржат „интересна и неоспорна“ прес-конференција во Пентагон „за да го одбранат достоинството на нашите одлични американски пилоти“.

Претходно, поранешниот заменик-генерален директор на надзорното тело за нуклеарно оружје на ОН изјави дека Техеран, и покрај нападите на САД и Израел врз иранските нуклеарни постројки, сè уште може да произведе делови за нуклеарно оружје во рок од еден месец.

„Постои можност за функционален објект за збогатување на ураниум со капацитет од околу 1.000 центрифуги и мала лабораторија што би можела да произведе делови за првото нуклеарно оружје во рок од еден месец“, напиша Оли Хејнонен во објава на Икс. „Ова не е време за пусти желби. Заканата останува“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ