Минувачите го гледале хеликоптерот како паѓа од небото и удирајќи во водата се превртува наопаку, додека делови од леталото паѓале во реката.
Агустин Ескобар, директор на Сименс, и неговото семејство, сопругата Мерс Камруби Монтал и нивните деца, на возраст од 4, 5 и 11 години, се идентификувани како жртви на несреќата, заедно со 36-годишниот пилот, потврдиле полициски извори.
Семејството беше во посета од Шпанија, рече градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс за време на прес-конференцијата во четвртокот.
Си-ен-ен побарал повеќе информации за жртвите од њујоршката полиција и крајбрежната стража на САД.
Hudson River Helicopter crash @WSJ @FoxNews @ABC @zerohedge @NY1 pic.twitter.com/QtTpGut1un
— cardo (@card0312) April 10, 2025
Иако не се знае зошто се урнал хеликоптерот, неговото запрепастувачко спуштање од небото ги шокирало сведоците.
Во моментот на ударот во водата, хеликоптерот очигледно бил наопаку, а пилотската кабина била видлива од водата. Има информации дека хеликоптерот застанал во воздухот и дека делови од него почнале да се одвојуваат – што се совпаѓа со повиците од 911, рече комесарката на њујоршката полиција Џесика Тиш.
Во 15:17 часот по локално време со повеќе повици на 911 била пријавена хеликоптерска несреќа во реката Хадсон во близина на крајбрежјето на Њу Џерси, изјави Тиш. Кога пристигнале првите екипи, полицијата извлекла четири лица од водата, а потоа уште две, рече таа.
#BREAKING: A helicopter has crashed into the Hudson River near Pier 25, close to West Side Highway & Spring Street. Emergency crews are on scene, with traffic delays reported in the area.
The aircraft involved is a Bell 206L-4 LongRanger IV, registration N216MH.#HudsonRiver pic.twitter.com/7LnwKM0VVN
— Turbine Traveller (@Turbinetraveler) April 10, 2025
Четири жртви биле прогласени за мртви на местото на настанот, а две лица биле пренесени во локалните болници, рече Тиш. Две деца беа однесени во Медицинскиот центар Џерси Сити пред да бидат прогласени за мртви, рече градоначалникот на Џерси Сити, Стивен Фулоп на Икс. „Нашите срца се со семејството на оние што беа во авионот“, рече Адамс.
Хеликоптерот, управуван од туристичката компанија Њујорк хеликоптер чартер, во моментов е потопен во реката. Кога хеликоптерот удрил во водата, официјалните лица веруваат дека бил превртен, по што кабината била видлива во водата, рече Тиш.
Причината за несреќата се истражува.