петок, 19 декември 2025

Дипломатски скандал ја тресе ЕУ: Макрон да оди во Украина со пушка и шлем

Француските власти ја повикаа италијанската амбасадорка во Париз, Емануела Д’Алесандро, на разговори откако италијанскиот вицепремиер Матео Салвини упати навредливи коментари кон францускиот претседател Емануел Макрон.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Салвини, за време на состанок во Милано, одговарајќи на прашање за можно испраќање италијански војници во Украина, изјавил дека „Макрон сам треба да оди таму, со шлем и пушка“, пренесува Кориере дела сера.

Според француски дипломатски извори, зборовите на Салвини се „спротивни на климата на доверба и историскиот однос меѓу двете земји“.

Неодамнешниот билатерален дијалог, особено во однос на поддршката за Украина, покажа силна врска меѓу Франција и Италија, објави Кориере дела сера.

Претходно во март, Салвини го нарече Макрон „лудак“ обвинувајќи го дека „ја турка Европа кон конфликт со Русија“.

Франција и Велика Британија предводат „коалиција на Подготвени“ која е подготвена да испрати војници во Украина како безбедносна гаранција по евентуалниот мировен договор, додека италијанската премиерка Џорџa Мелони се спротивставува на иницијативата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ