сабота, 20 декември 2025

Дијана Хрка повикува на блокада на Белград

Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан кој загина при уривањето на стреата на Железничката станица во Нови Сад, го поддржа предлогот на автопревозникот Миломир Јаќимовиќ за блокада на Белград и ги повика граѓаните на Нови Сад да реагираат. Хрка истакна дека е време за обединување и заедничко дејствување, пренесуваат српски медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференција Хрка изрази задоволство што Јаќимовиќ и неговиот син го прекинаа штрајкот со глад и најави дека ќе се сретне со него вечерва за понатамошни договори. „Го поддржувам неговиот план за блокада, но уште ќе се договараме. Конечно треба да се обединиме, да се собереме под еден шатор и да испланираме како и што ќе правиме следно“, кажа Хрка, додавајќи дека Јаќимовиќ треба да дојде во Белград за четири дена.

„Ајде сите да се согласиме како и што треба да правиме. Тој најави блокади и јас сум за тоа, блокада до 48 часа, а потоа полека“, кажа таа. Потврди дека се чувствува добро и дека престојува во протестниот шатор во близина на српскиот парламент, кој го нарекува свој „втор дом“.

Поради трагедијата во Нови Сад, Хрка пред седумнаесет дена почна штрајк со глад пред Народното собрание на Република Србија во Белград, барајќи решавање на прашањето за одговорноста за смртта на нејзиниот син и другите жртви, кое оттогаш го прекина. Во интервјуата таа наведува дека е подготвена да направи сè за луѓето во Србија да се обединат и да се ослободат од „злото“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ