„Сакаме да го искористиме нашиот демократски мандат за да иницираме нова, отворена дискусија за толкувањето на Европската конвенција за човекови права. Мораме да ја вратиме правата рамнотежа. И нашите земји ќе работат заедно на остварување на оваа амбиција“, пишува во текстот, кој го објави кабинетот на италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Документот е објавен по состанокот на Мелони и данската премиерка Мете Фредериксен во Рим. Го потпишаа лидерите на Австрија, Белгија, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Чешка.
„Припаѓаме на различни политички семејства и потекнуваме од различни политички традиции. Но неопходно е да се отвори дискусија за тоа како меѓународните конвенции одговараат на предизвиците со кои денес се соочуваме“, наведуваат потписниците.