четврток, 19 февруари 2026

Дете висело од жичарница на Јахорина, па паднало, скијачи се обиделе да го фатат (ВИДЕО)

Вчера на планината Јахорина во БиХ дете паднало од жичарница откако извесно време висело држејќи се за седиштето. На снимката од инцидентот се гледа како други скијачи се обидуваат да помогнат, но детето на крај паднало на земја.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

На снимката се гледа како детето виси од седиштето неколку моменти пред падот. Скијачите што се нашле на патеката под жичарницата се обидувале да го фатат за да го ублажат падот.

Засега не е познато зошто детето испаднало од седиштето.

Од Планинската спасувачка служба потврдиле за БН дека несреќата се случила. Повреденото дете е пренесено во болницата „Србија“ во источно Сараево, каде што и било задржано на лекување.

Лекарите засега не се изјасниле за тежината на повредите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ