сабота, 17 мај 2025

Десетици илјади во Ватикан, Лео XIV го одржа својот прв говор: „Никогаш повеќе војна!“ (ВИДЕО)

Папата Лео XIV во неделата ги повика светските лидери да ги запрат војните, особено во Украина и Појасот Газа, во говорот по својата прва неделна молитва како папа пред десетици илјади луѓе.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Соочен со актуелното драматично сценарио на трета светска војна во делови, како што папата Франциско неколку пати кажа, и јас се обраќам до светските лидери, повторувајќи го овој сè уште актуелен апел: никогаш повеќе војна!“ рече папата Лео XIV.

„Во срцето го носам страдањето на саканиот украински народ. Мора да се направи сè за што поскоро да се постигне автентичен, праведен и траен мир“, нагласи тој, повикувајќи на „ослободување на сите затвореници и децата да можат да се вратат кај своите семејства“.

Велејќи дека е „длабоко тажен од она што се случува во Појасот Газа“, Папата повика на „итен прекин на непријателствата, хуманитарна помош за исцрпеното цивилно население и ослободување на сите заложници“.

„Од друга страна, со задоволство ја дочекав објавата за прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан и се надевам дека наскоро ќе се постигне траен договор“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ