петок, 27 март 2026

Десетици илјади луѓе се собраа во Феникс пред комеморацијата за Чарли Кирк (ВИДЕО)

Илјадници луѓе се собраа денес во Феникс, главниот град на американската држава Аризона, за да присуствуваат на комеморацијата во чест на убиениот американски патриот Чарли Кирк, која ќе се одржи денес на стадионот на НФЛ, со капацитет од 63.000 седишта.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

На долгата листа на истакнати функционери и личности кои се очекува денеска да му оддадат почит на убиениот американски активист се американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс, со силно присуство на безбедносни служби предводени од американската тајна служба.

Многу посетители дојдоа во градот во последните денови за да му оддадат почит на Чарли Кирк, оставајќи букети цвеќе, пораки и молитви на спомен-местото пред седиштето на организацијата „Пресвртна точка САД“, која ја основа Кирк, пренесува Њујорк тајмс.

Посетителите пристигнуваа во текот на денот, некои во црно, други облечени во маички МАГА и оставаа пораки со благодарност за Кирк, како и пораки со сочувство за неговата вдовица Ерика Кирк, која го презеде раководењето со организацијата.

Меѓу посетителите е и 36-годишниот Нејтан Мајкл, кој патувал со своето семејство од Висконсин.

Иако не бил запознаен со работата на Кирк пред неговото убиство, Мајкл изјави дека смртта на патриотот го погодила бидејќи, како Кирк, и тој е конзервативен христијанин и верува дека ова е напад врз христијанските вредности.

Во меѓувреме, органите за спроведување на законот изјавија дека осомничениот за убиството на Кирк, 22-годишниот Тајлер Робинсон, наводно рекол дека Кирк шири омраза, а во пораките до своето семејство рекол дека му е преку глава од омразата на Кирк.

Робинсон е обвинет за тешко убиство, а обвинителите бараат смртна казна.

Кирк беше убиен на 10 септември додека зборуваше на јавен митинг на Универзитетот Јута Вали, организиран од неговата организација „Превртена точка САД“ во Орем, Јута.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ