сабота, 6 декември 2025

Демонстрантите се судрија со полицијата на антивладин протест во Бугарија (ВИДЕО)

Илјадници луѓе излегоа синоќа на улиците на Софија за да протестираат против буџетскиот план на бугарската влада за следната година, првиот во евра, валутата која земјата ќе ја усвои на 1 јануари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дел од демонстрантите во бугарската престолнина се судри со полицијата која ги штитеше канцелариите на владејачките партии, напаѓајќи ги безбедносните сили со камења, шишиња и пиротехнички средства.

Опозицијата и другите организации изразија незадоволство од буџетот поради најавените зголемувања на придонесите за социјално осигурување и даноците на дивиденда со цел да се финансираат, како што тврдат, повисоките државни трошоци и корупцијата.

Околу половина од Бугарите се противат на воведувањето на еврото, тврдејќи дека тоа ќе го загрози суверенитетот на државата и дека ќе го искористат преминот на друга валута за да ги зголемат цените.

И претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард неодамна предупреди дека инфлацијата во Бугарија може да се зголеми откако ќе се приклучи на еврозоната, пишува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ