понеделник, 22 декември 2025

Делегации од Авганистан и Пакистан патуваат во Доха на преговори

Делегации од Авганистан и Пакистан денес патуваат во главниот град на Катар, Доха, за да ја смират кризата меѓу двете земји и повеќедневните судири во кои загинаа десетици луѓе.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Талибанската влада соопшти дека во авганистанската делегација се министерот за одбрана и шефот на националната разузнавачка агенција, пренесува Асошиејтед прес.

Во меѓувреме, пакистанскиот јавен радиодифузен сервис објави дека денес во Доха отпатувала и пакистанска делегација, без да даде други детали.

Авганистан и Пакистан се обвинуваат меѓусебно за вооружени гранични инциденти и тврдат дека одговориле со воени средства на агресијата на другата земја.

Пакистан го обвинува Авганистан дека им обезбедува засолниште на милитанти кои извршуваат напади во пограничните области, обвинение кое го негираат талибанските власти.

Примирјето од 48 часа, наменето за запирање на непријателствата, истече во петокот вечерта, само неколку часа подоцна Пакистан изврши нов прекуграничен напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ