Фондот истакна дека одлуката не е политичка порака поврзана со моменталните несогласувања меѓу Данска и Соединетите Американски Држави околу Гренланд. Директорот за инвестиции во фондот, Андерс Шелде, во писмена изјава порача дека одлуката е насочена кон ликвидноста и управувањето со ризици.
„Одлуката се базира на лошите финансии на американската влада, што нè наведува да мислиме дека мора да најдеме алтернативен начин за спроведување на нашата ликвидност и управувањето со ризици“, кажа Шелде, а пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека одлуката не е директно поврзана со моменталниот конфликт меѓу САД и Европа, но дека не го олеснила процесот на донесување одлуки.
Според податоците на нејзината веб-страница, Академикер пенсион управува со средства со вкупна вредност од 164 милијарди дански круни, што е околу 25,74 милијарди долари, пренесува Ројтерс.






