среда, 21 јануари 2026

Дански европратеник: Почитуван претседателе Трамп. Оде*ете (ВИДЕО)

Данскиот пратеник Европскиот парламент Андерс Вистисен го привлече вниманието на јавноста откако му испрати груба порака на американскиот претседател Доналд Трамп за време на дебатата за Гренланд, порачувајќи му да „оде*е“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на седницата посветена на американскиот интерес за арктичката територија, Вистисен директно му се обрати на Трамп. „Почитуван претседателе Трамп, слушајте многу внимателно. Гренланд е дел од данското кралство 800 години. Тоа е интегрирана земја. Не е на продажба“, кажа Вистисен.

Потоа додаде: „Дозволете ми да го кажам ова со зборови што можеби ги разбирате: Господине претседателе, оде*ете“.

Неговиот говор беше прекинат од потпретседателот на Парламентот Николае Стефанута, кој го предупреди за употреба на несоодветен јазик. „Жал ми е, колега, ова е против нашите правила“, кажа Стефанута. „Имаме јасни правила за пцуење и јазик што е несоодветен во оваа сала. Жал ми е што ве прекинувам. Тоа е неприфатливо, дури и ако имате силни политички чувства за ова“. По предупредувањето, Вистисен го одржа остатокот од својот говор на дански јазик.

Инцидентот се случи во време на обновен американски притисок за стекнување на стратегиски лоцирана арктичка територија. Трамп инсистира дека Гренланд, богат со минерали, е клучен за безбедноста на САД и НАТО против Русија и Кина, особено во контекст на топењето на Арктикот и борбата за стратегиска предност.

САД го засилија притисокот со закана дека ќе воведат царини до 25 проценти за осум европски земји поради нивната поддршка за Данска. Како одговор, Европа се закани со контрамерки против САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ