четврток, 22 јануари 2026

Данската премиерка: Нема да го продадеме Гренланд и покрај американските закани

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека Копенхаген нема да го напушти Гренланд поради американските закани со царини со кои се обидуваат да изнудат продажба на островот. Осврнувајќи се на можноста Европската Унија да воведе реципрочни мерки против Соединетите Американски Држави, Фредериксен кажа дека трговската војна меѓу сојузниците е „многу лоша идеја“, според Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иако се надеваше дека таканаречената „трговска базука“ може да се избегне, таа кажа дека Европа мора да најде одговор ако САД навистина воведат царини.

Фредериксен, меѓутоа, посочи дека би претпочитала соработнички да ги решава американските безбедносните стравувања. Таа кажа дека Копенхаген во таа цел предложил трајно безбедносно присуство на Арктикот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ