понеделник, 19 јануари 2026

Данска одлучи да испрати „значителен број војници“ на Гренланд

Поголем број дански борбени војници, најавени како „значаен придонес“, треба да пристигнат во Кангерлусуак на Гренланд вечерва. Оваа информација беше потврдена од данските вооружени сили за данската телевизија ТВ 2.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што јавува ТВ 2, командантот на данската армија Питер Бојсен исто така ќе отпатува во Гренланд со групата војници.

Пристигнатите војници треба да учествуваат во зајакнувањето на контингентот на данските сили кои моментално се распоредени во Гренланд.

Претходно, командантот на Арктичката команда Серен Андерсен изјави дека околу 100 дански војници веќе пристигнале во Нук, додека сличен број е распореден во Кангерлусуак. Таму, тие треба да започнат воена вежба наречена „Арктичка издржливост“, која е забрзана и интензивирана по неодамнешните закани од американскиот претседател Доналд Трамп, кој постојано изјавува дека сака да го анектира Гренланд кон Соединетите Држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ