Тој тоа го изјави по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп за именувањето на гувернерот на американската сојузна држава Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд.
Трамп вчера соопшти дека го именува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд — голема данска полуавтономна територија за која претходно изјави дека САД треба да ја преземат. Во објавата за именувањето, Трамп наведе дека Ландри разбира колку Гренланд е неопходен за националната безбедност на САД.
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен во кратко соопштение, испратено по електронска пошта од неговото министерство, изјави дека „именувањето го потврдува продолжениот американски интерес за Гренланд“.
„Меѓутоа, ние инсистираме дека секој, вклучително и САД, мора да покаже почит кон територијалниот интегритет на Кралството Данска“, додаде данскиот министер.
Трамп претходно изјави дека Гренланд е клучен за американската безбедност и не ја исклучи можноста за преземање на островот со воена сила, иако Данска им е сојузник на САД во рамките на НАТО.
Месецов данската воена разузнавачка служба во својот годишен извештај наведе дека САД ја користат својата економска моќ за „наметнување на својата волја“ и се закануваат со воена сила, и кон пријатели и кон непријатели.






