сабота, 13 декември 2025

Данска ја поздрави промената на планот на САД за посета на Гренланд

Министерот за надворешни работи на Данска ја поздрави одлуката на САД за промена на планот за посета на Гренланд, што предизвика дипломатски спор меѓу Копенхаген и Белата куќа, откако претседателот Доналд Трамп изрази интерес да ја преземе контролата над островот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Данската премиерка Мете Фредериксен претходно рече дека планираното пристигнување на Уша Ванс, сопруга на американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, на популарната трка со санки со кучиња на Гренланд е дел од „неприфатливиот притисок“ врз делумно автономната данска територија.

Белата куќа вчера објави дека наместо тоа, делегацијата ќе ја предводи самиот потпретседател Ванс, но дека тој ќе ја посети само американската вселенска база во Питуфик на северот на островот и нема да дојде на трката.

„Мислам дека е многу позитивно што Американците ја откажаа посетата на гренландското општество. Наместо тоа, тие ќе ја посетат сопствената база Питуфик, а ние немаме ништо против тоа“, изјави министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен за телевизијата ДР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ