петок, 25 април 2025

Данска ги продолжува контролите на границата со Германија, стравуваат од терористички напади

Данска ја продолжува контролата на границата со Германија за дополнителни шест месеци бидејќи терористичката закана против Данска останува сериозна, соопшти данското Министерство за правда.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Заканата потекнува од милитантните исламисти и е последица на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти министерството.

„Терористичката закана против Данска е сериозна. Ова ми покажува дека мора да продолжиме внимателно да размислуваме кому ќе му дозволиме да ги премине границите на нашата земја“, рече министерот за правда Питер Хумелгард во изјавата.

Целта на продолжените гранични контроли е да се обезбеди дополнителна алатка за полицијата во борбата против тероризмот и прекуграничниот криминал.

Данска првично воведе гранични контроли на почетокот на 2016 година за време на бегалската криза и во повеќе наврати ги продолжува од различни причини. Повремено ги олеснува, а повременои ги заострува.

Контролите почнаа да се фокусираат на борбата против криминалот во април 2023 година, а повеќе полицајци биле распоредени во граничната област отколку исклучиво на самите гранични премини. Ова имаше значителен позитивен ефект врз борбата против прекуграничниот криминал, според Министерството за правда во Копенхаген.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ