Како што пренесува Данас, Дачиќ синоќа навел дека тие системи стојат во магацини во кутии, дека се сопственост на МВР, но дека не се уфрлени во употреба, ниту се монтирани на кое било возило или систем.
На прашањето зошто тогаш изјавил дека полицијата не поседува „звучен топ“ ниту какви било други слични звучни оружја, министерот кажа дека станува збор за несмасна изјава.
„Тоа е несмасна изјава. Под тоа се мислеше дека МВР не го вклучил ова средство во својот арсенал на средства на принуда“.
На прашањето зошто државата „однапред го купила системот“, кога неговото користење не е дозволено, Дачиќ кажа дека тоа е промашена инвестиција.
„Веројатно тогаш се мислело дека ќе биде усвоен нов закон за полицијата кој како уште едно средство на принуда предвидувал и користење на звучно оружје“, додаде српскиот министер.