Тој изјави дека секојдневно сме сведоци на спротивставени ставови на Соединетите Американски Држави и земјите од Европската Унија, особено во врска со статусот на Гренланд, и дека ова е еден од најголемите предизвици со кои се соочува НАТО алијансата од нејзиното основање. Тој нагласи дека и Европската Унија и Соединетите Американски Држави се најважните и стратегиски сојузници на Црна Гора.
Како што наведе, во контекст на неодамнешните случувања, Црна Гора го поддржува продолжувањето на дијалогот и наоѓањето одржливи решенија меѓу сојузниците на НАТО, со цел да се обезбеди Арктикот да остане област на стабилност и соработка.
„Ова е од суштинско значење за кредибилитетот и силата на алијансата, чиј полноправен член е Црна Гора речиси десет години. Конечно, не смееме да го изгубиме од вид фактот дека регионалната соработка е основа на нашата надворешна политика и дека бројни настани во светот уште еднаш ја покажаа неизмерната важност на добрососедските односи за стабилноста и просперитетот на една земја. Очекувам Владата на Црна Гора да заземе јасни и конзистентни ставови за ова и други важни геополитички прашања. Спроведувањето на надворешната политика бара јасна стратегија, континуитет и одговорност, со транспарентна комуникација кон домашната јавност и меѓународните партнери“, се наведува во соопштението од кабинетот на Милатовиќ.
Вашингтон постојано порачува дека сакаат да ја преземат контролата врз Гренланд од Данска.






