Проценетиот промет од тие активности за 2024 година изнесувал 0,1 процент од БДП од 7,64 милијарди евра, што е 7,6 милиони евра.
Во својата фискална стратегија владата на Црна Гора очекувала раст од 4,8 отсто оваа година, но подоцна ја коригираше проценката на 3,5 отсто, додека планот за приходи за оваа година остана според претходната повисока стапка на економски раст.
Во средата Монстат објави ревидирани податоци за БДП за периодот од 2006 до 2023 година во согласност со методологијата на ЕСА 2010, со што една година порано ги исполни обврските од поглавјето 18 Статистика во процесот на пристапување кон Европската Унија, пишува Вијести.
Ревизијата за претходните години, како и пресметката на БДП за 2024 година вклучува проценки за легални активности кои често не се пријавуваат, како што се приватни часови, бакшиши, платени услуги во домаќинствата и недоволно пријавување на приходи, како и нелегални активности како што се трговија со дрога и проституција.
Со првичниот план ревизијата требало да се спроведе во 2026 година, но со одлука на владата на Црна Гора ревизијата почнала порано за да се забрзат активностите за затворање на преговарачкото Поглавје 18 – Статистика.






