вторник, 24 март 2026

Црна Гора со намалување на давачките го ублажи растот на цените на горивата

Цените на горивата во Црна Гора пораснаа денес за 5 до 7 центи по литар, откако на крајот од минатата недела црногорската влада донесе одлука за намалување на давачките на дизел горивото за 50 проценти, а на бензинот за 25 проценти. Цената на евродизелот во Црна Гора моментално е 1,57 евра, на евросуперот 98 1,56 евра, а на евросуперот 95 1,52 евра по литар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На одлуката на црногорската влада ѝ претходеше проценка дека цените на горивата ќе се зголемат за повеќе од 30 центи по литар, па, како што објави владата во Подгорица, „донесена е одлука за привремено намалување на давачките за продажба на безоловен бензин и гасни масла, со цел заштита на граѓаните од ненадејни нарушувања на пазарот и зачувување на стабилноста на цените на енергенсите“.

Министерот за енергетика и рударство во Владата на Црна Гора Адмир Шахмановиќ изјави дека снабденоста на бензинските пумпи во Црна Гора е стабилно и дека намалувањето на акцизите ќе ја чини земјата околу осум милиони евра месечно.

Тој истакна дека Црна Гора, со своите стратегиски и комерцијални резерви, може нормално да функционира до два месеци без увоз на гориво. Сепак, како што рече Шахмановиќ, црногорската влада, доколку „цената на нафтата ескалира во големи негативни размери, ќе разгледа воведување нови мерки, вклучително и ослободување на нафтени резерви или ограничување на потрошувачката на нафта и нафтени деривати“.

Според него, во претходниот период Црна Гора имала релативно поволни цени на горивата во споредба со регионот и Европа, што привлекувало странски возачи на црногорските бензински пумпи. „Имавме случај каде што граѓани на соседните земји полнеле гориво во нашите северни општини, а граѓаните на Србија биле највидливи на бензинските пумпи во Црна Гора“, кажа Шахмановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ