Според весникот, причина за повикот бил постот на профилот „Србија на англиски“, која ја управува Канцеларијата за јавна и културна дипломатија на владата на Србија, а кој се однесува на јазичната политика на Црна Гора.
Во постот на социјалната мрежа Икс, заедно со видео со илустрација на ликот на Хомер Симпсон, се наведува дека Црна Гора не го признава српскиот јазик, кој, според тврдењата на објавата, го зборуваат 43 проценти од граѓаните и дека тој е „јазик на мнозинството според последниот попис“.
🇲🇪🇪🇺 Montenegro when asked why it doesn’t recognise the Serbian language spoken by 43% of its citizens. (the majority language according to the latest survey).
Respecting the majority language rights is also an EU value. Isn’t it? https://t.co/xG7cqgtB6i pic.twitter.com/HozCJtldmc
— Serbia in English (@serbiainenglish) January 28, 2026
Во пораката се додава: „Почитувањето на правата на јазикот на мнозинството е исто така вредност на ЕУ, нели?“, како коментар на информациите за затворањето на 13-то поглавје од преговорите меѓу Црна Гора и Европската Унија.
Црногорската страна го толкува овој пост како несоодветно мешање во внатрешните работи на државата, особено затоа што доаѓа од официјален комуникациски канал на владата на Србија, според Побједа.
Весникот потсетува дека во претходниот период амбасадорот Родиќ избегнувал јавни коментари за внатрешнополитичките и институционалните прашања во Црна Гора, и дека за време на разговорот во Министерството за надворешни работи, требало да биде побарано објаснување во врска со ставовите изнесени во спорниот пост.






