вторник, 9 декември 2025

Црна Гора побарала од НАТО помош во гасењето на пожарите

Активирано е барањето за помош во гасењето на пожарите на територијата на Црна Гора преку НАТО механизмот на ЕАДРЦЦ центарот, пишува РТЦГ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е неофицијално објавено на порталот на РТЦГ од владата.

Активирана е билатералната соработка – договорот меѓу владата на Република Србија и владата на Црна Гора за соработка во системот за заштита и спасување, заштита од природни и други катастрофи, со кој Црна Гора побарала и добила помош во форма на хеликоптер камов Ка-32 од 5 тони, кој помага во областа на Подгорица.

„Поради сложената ситуација во Бар и Будва, Механизмот за цивилна заштита на ЕУ беше активиран преку системот ЦЕЦИС, каде што досега Хрватска ни понуди помош во форма на „канадер“ кој ќе биде ангажиран од утре наутро. Исто така, активирано е барање за помош преку механизмите на НАТО на Центарот ЕАДРЦЦ“, се наведува во соопштението.

Оваа информација сè уште не е официјално потврдена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ