Според црногорскиот портал, станува збор за документ што го следи моделот на безбедносните договори што Украина претходно ги склучи со неколку западни земји, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Германија, Франција и Италија.
Целта на овие договори е да се обезбеди долгорочна поддршка на Украина во областа на безбедноста и одбраната, преку воена помош, обука, разузнавачка соработка и зајакнување на отпорноста на земјата во екот на руските напади.
„Со овој чин, Црна Гора ќе ја потврди својата силна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и ќе се приклучи во групата членки на НАТО што веќе презеле обврски според заедничката декларација од јули 2023 година“, пишува порталот.
Се очекува деталите од договорот да бидат објавени по официјалното потпишување во Подгорица.