вторник, 15 јули 2025

Членовите на Српската академија на науки и уметности бараат оставка од Вучиќ

Членовите на Српската академија на науките и уметностите (САНУ) јавно побараа оставка од српскиот претседател Александар Вучиќ, објави Радар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тие го пренесуваат обраќањето на академикот Душан Теодоровиќ на Собранието на САНУ.

„Ние, членовите на Српската академија на науките и уметностите, водени од највисоките интереси на народот и државата, длабоко загрижени за иднината на Република Србија, преку ова јавно бараме оставка од претседателот на Републиката Александар Вучиќ, поради уривањето на демократските, институционалните и општествените темели на нашата земја“, кажа тој.

„Во изминатиот период бевме сведоци на: колапс на изборниот процес, преку манипулации со избирачките списоци, купување гласови и злоупотреба на државните ресурси; контрола врз обвинителството и судовите, што сериозно ја доведува во прашање правната безбедност на граѓаните; потиснување на слободниот печат и медиумскиот плурализам, заедно со узурпацијата на националните телевизиски фреквенции и претворањето на јавниот сервис во пропагандна алатка на владата; прекумерно задолжување на земјата, без јавна дискусија и контрола, што ја загрозува економската стабилност и иднината на следните генерации; прикривање на криминални работи што ја потресуваат јавноста, со заштита на одговорни лица; појава на широко распространета корупција, наместени тендери и целосен недостаток на транспарентност во работата на државните органи; уништување на основните столбови на општеството – образованието, здравството, културата и уметноста – кои се доведени во состојба на хронична криза и запоставеност“, додава тој.

Тој кажа дека тие бараат оставка не од политички причини, туку поради моралната одговорност што ја чувствуваат кон граѓаните и иднината на Србија.

„Веруваме дека ниту еден поединец, па ни претседателот на Републиката, нема право да го уништува демократскиот поредок и да ги загрозува државните и општествените интереси за лична или партиска моќ. Во време на сериозна криза и растечка социјална поларизација, веруваме дека оставката на Александар Вучиќ е единствениот можен чекор кон отворање простор за дијалог, обнова на институциите и враќање на довербата на граѓаните во државата“, се вели во соопштението потпишано од „Членовите на Српската академија на науките и уметностите“, со напомена дека во тек е потпишување на предлогот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ