недела, 13 јули 2025

Членките на НАТО се договорија да ги зголемат буџетите за вооружување на пет отсто, Шпанија ќе биде изземена?

Сите 32 земји членки на НАТО се согласија да ги зголемат своите буџети за одбрана за два и пол пати: од два отсто од нивниот бруто домашен производ (БДП) на пет отсто, но Шпанија тврди дека обезбедила поблаг аранжман за да го спроведе тоа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова денес го објавија дипломати во Брисел, неколку дена пред самитот на западниот воен пакт во холандски Хаг.

Шпанскиот премиер Педро Санчез, сепак, посеа сомнеж тврдејќи дека Шпанија ќе се изземе од договорот.

„Шпанија тукушто постигна договор со НАТО кој ќе ни овозможи да ги исполниме нашите обврски кон Атлантската алијанса без да мора да ги зголемиме нашите трошоци за одбрана на пет отсто од БДП“, рече Санчез во Мадрид.

Овој викенд, по приговорите од Мадрид, преговарачите на НАТО го утврдија конечниот предлог за договор за драстично зголемување на воените и безбедносните трошоци на Алијансата.

Спогодбата предвидува зголемување на воените трошоци на 3,5 отсто од БДП, а пошироките трошоци за безбедност на 1,5 отсто.

Меѓутоа, Мадрид обезбедил продолжување на рокот за постигнување на оваа цел од пет отсто од 2032 до 2035 година, што Санчез не го спомена во говорот, велат во Брисел дипломатите кои не го потврдиле изземањето на Шпанија.

Компромисот постигнат денес треба да го отвори патот за договор на самитот на НАТО во Хаг во вторник и среда, што би претставувало дипломатска победа за претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп.

Откако се врати во Белата куќа, Трамп побара европските сојузници и Канада да трошат значително повеќе, барајќи пет отсто од нивниот БДП и заканувајќи се дека САД повеќе нема да ги бранат ако не го направат тоа.

Во четвртокот Шпанија го изрази своето противење на драстичното зголемување, сметајќи го за неоправдано.

„За Шпанија, обврзување кон целта од пет отсто не само што би било неразумно, туку и контрапродуктивно“, напиша Санчез во писмо до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Потоа се преговарало за компромис прифатлив за Шпанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ