петок, 16 мај 2025

Четворица мртви во Србија откако паднале во септичка јама и се отруле со амонијак

Во трагедија која се случила вчера околу 17 часот на семејна фарма за свињи во близина на Топола настрадале четири лица, а едно е префрлено во болница во Аранѓеловац, соопшти полициската управа на Крагуевац.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата не соопшти повеќе детали бидејќи увидот е во тек.

Според неофицијални информации од извори во општината Топола, несреќата се случила на фарма за свињи на периферијата на Топола и во неа настрадале дедо, син и внук од истото семејство, како и соседот кој притрчал на помош, додека неговата сопруга поради труење е итно префрлена во болница.

Српските медиуми јавуваат дека починатите, според локалните жители, биле ценети во заедницата.

Извор кажал дека настраданите починале поради амонијак од септичката јама и дека веројатно некој паднал во јамата, а потоа настрадале сите кои се обиделе да му помогнат. Веројатно концентрацијата на амонијак била толку висока што секој кој се наведнал над јамата веднаш губел свест и паѓал во неа.

На местото на несреќата прво пристигнале пожарникарите и брзата помош. Лекарите успеале да ја реанимираат жената која била испратена на лекување во Аранѓеловац, а за време на вадењето на телата полесно биле повредени и двајца пожарникари на кои им била пружена лекарска помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ