среда, 30 јули 2025

Четиринаесет израелски министри го повикаа Нетанјаху веднаш да го анектира Западниот брег

Четиринаесет министри од партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху џго повикаа веднаш да го анектира окупираниот Западен Брег.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во писмото до Нетанјаху, кое беше споделено на социјалната мрежа Икс од страна на крајно десничарскиот министер за финансии Безалел Смотрич, потписниците ја повикаа владата да „спроведе суверенитет над Јудеја и Самарија (Западниот брег) пред крајот на летната сесија на Кнесетот“, која завршува на 27 јули.

Министрите тврдеа дека сегашната стратегиска соработка и поддршка на Соединетите Американски Држави и претседателот Доналд Трамп создаваат поволен момент за почнување на овој потег (анексија) токму сега.

Во писмото, исто така, се предупредува дека признавањето на блоковите на населби заедно со воспоставувањето палестинска држава на преостанатата територија би претставувало „егзистенцијална закана за Израел“.

Меѓу потписниците се министрите за одбрана, економија, земјоделство, енергетика, комуникации, транспорт, правда, туризам, иновации, култура, дијаспора, образование, социјална еднаквост, регионална соработка, како и претседателот на Кнесетот, Амир Охана.

Западниот брег, Појасот Газа и Источен Ерусалим треба да ја формираат палестинската држава во случај на спроведување на решението за две држави предложено од Обединетите нации, но сите три во моментов се предмет на израелска окупација и насилно населување на Израелците и угнетување на палестинскиот народ.

Минатиот јули, Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) ја прогласи израелската окупација на палестинските територии за нелегална и повика на евакуација на сите населби на Западниот брег и Источен Ерусалим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ