понеделник, 15 декември 2025

Чешкиот претседател потпиша закон со кој комунистичката пропаганда се казнува со затвор

Чешкиот претседател Петр Павел вчера потпиша амандман на кривичниот законик со кој се криминализира пропагандата на комунистичката идеологија, ставајќи ја на исто ниво со нацистичката пропаганда, пренесува Еурактив.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ажурираното законодавство предвидува затворска казна до пет години за секој што „креира, поддржува или промовира нацистички, комунистички или други движења кои јасно имаат за цел да ги потиснат човековите права и слободи или да поттикнат расна, етничка, национална, верска или класна омраза“.

Промените беа одговор на повиците од чешките историски институции, особено Институтот за проучување на тоталитарни режими, кој сметаше дека постојното законодавство е правно неурамнотежено.

Комунистичката партија на Чешка и Моравија (КСЧМ), предводена од европратеничката Катерина Конечна, а сега дел од новата изборна коалиција наречена „Доста“, ја осуди одлуката како политички мотивирана.

„Ова е уште еден неуспешен обид за забрана на КСЧМ и заплашување на критичарите на сегашниот режим“, се вели во соопштението на партијата.

Како што се наведува во изданието, во моментов не е јасно како новиот закон ќе се применува на партии како КСЧМ. Иако партијата во моментов нема претставници во парламентот, најновите анкети ѝ даваат поддршка од отсто во коалицијата – што би можело да биде доволно за враќање во Долниот дом на октомвриските избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ