недела, 13 јули 2025

Чешкиот претседател: Кина и Русија претставуваат еднаква закана за Европа во однос на сајбер нападите

Кина е на исто ниво со Русија кога станува збор за државно спонзорирано хакирање и шпионажа, изјави чешкиот претседател Петр Павел за Фајненшл тајмс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Пекинг и Москва се еднакви во однос на сајбер заканата“, рече тој, додавајќи: „Сведоци сме на сајбер напади од двете страни, речиси на исто ниво“.

Минатиот месец, Чешка ја обвини Кина дека е одговорна за „злонамерна сајбер кампања“ насочена кон мрежа што се користи за некласифицирана комуникација во нејзиното Министерство за надворешни работи.

Кина ги негира обвинувањата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ