петок, 19 декември 2025

Чешкиот премиер: Одамна требаше да ги примиме Западен Балкан и Србија во ЕУ и Шенген

Новиот чешки премиер Андреј Бабиш денес изјави дека е важно Европската Унија да ја прифати Србија како полноправна членка, а исто така и во Шенген зоната, бидејќи постојат и други сили кои се обидуваат да го прошират своето влијание на Балканот и дека тоа требало да се направи одамна и дека проширувањето не треба да биде „како бесконечна приказна“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Требаше одамна да ги примиме Западен Балкан и Србија во ЕУ и Шенген зоната. Бидејќи ако не го сториме тоа, секако дека има земји кои сакаат да имаат влијание таму. Србија традиционално е проруска, но сега ѝ помага на Украина, се ослободи од рускиот гас и нафта“, кажа Бабиш во редовното видео обраќање на социјалните мрежи.

Во видео-пораката во која го сумираше самитот на ЕУ во Брисел, Бабиш нагласи дека е важно политичкото влијание на ЕУ да преовлада во Србија.

Во пресрет на самитот, Бабиш предложи, бидејќи проширувањето станува потешко, земјите од Западен Балкан веднаш прво да влезат во Шенген зоната, а потоа да може да се преговара за полноправно членство.

„Не разбирам зошто ЕУ одамна не го реши проширувањето на Шенген зоната кон земјите од Западен Балкан за да ја браниме на море нашата Европа од шверцерите на мигранти кои ги злоупотребуваат овие луѓе и им ветуваат подобар живот“, кажа Бабиш на почетокот на неделата кога чешкиот претседател Петр Павел ја назначи новата чешка влада.

Бабиш брзаше да формира нова влада за да може претседателот да ја назначи на време за Бабиш да ја претставува Чешка на последниот самит и на состанокот на ЕУ со земјите од Западен Балкан, на кој, според одлуката на српските власти, Србија немаше претставник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ