понеделник, 23 јуни 2025

Чешка: Кина три години го шпионира нашето Министерство за надворешни работи

Чешка денес ја обвини Кина за „злонамерна сајбер кампања“ насочена кон мрежа што се користи за некласифицирана комуникација на Министерството за надворешни работи и го повика кинескиот амбасадор да го осуди инцидентот, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нападите траат од 2022 година и се извршени од групата за сајбер шпионажа АПТ31, за која Чешката Република, земја-членка на ЕУ и НАТО, изјави дека е јавно поврзана со Министерството за државна безбедност на Кина.

Кинеската амбасада во Прага не одговори веднаш на барањето за коментар. НАТО и Европската Унија изјавија дека се солидарни со Чешка.

Министерот за надворешни работи Јан Липавски изјави на Икс дека откако бил откриен нападот, министерството имплементирало нов комуникациски систем со подобрена безбедност.

„Го повикав кинескиот амбасадор за да разјаснам дека ваквите непријателски дејствија имаат сериозни последици за нашите билатерални односи“, рече тој.

„Владата на Чешката Република остро ја осудува оваа злонамерна сајбер кампања против нејзината критична инфраструктура“, соопшти владата.

Во последниве години, земјите-членки на ЕУ сè повеќе се мета на сајбер напади од Кина, а Кина треба да направи повеќе за да ги спречи, соопшти денес Европската унија.

„Ги повикуваме сите земји, вклучително и Кина, да се воздржат од такво однесување“, се додава.

„Државите не треба да дозволат нивната територија да се користи за злонамерни сајбер активности“, изјави комесарката на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ