понеделник, 23 март 2026

Цените на нафтата нагло паднаа по изјавата на Трамп за Иран

Цените на нафтата остро паднаа откако претседателот Доналд Трамп навести дека наводните тековни разговори меѓу САД и Иран би можеле да доведат до крај на војната, објави Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Брент, глобалниот репер за нафта, падна за повеќе од 7 % и се тргуваше под 99 долари за барел, откако претходно во текот на денот достигна 114 долари. ВТИ, американскиот репер, се намали за 8 % на 90 долари за барел, околу 10 долари помалку од нивото на кое се тргуваше претходно истиот ден.

„ЗАДОВОЛСТВО МИ Е ДА ИЗВЕСТАМ ДЕКА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ И ДРЖАВАТА ИРАН, ВО ИЗМИНАТИТЕ ДВА ДЕНА, ВОДЕА МНОГУ ДОБРИ И ПРОДУКТИВНИ РАЗГОВОРИ ВО ВРСКА СО ЦЕЛОСНО И КОНЕЧНО РЕШАВАЊЕ НА НАШИТЕ НЕПРИЈАТЕЛСТВА НА БЛИСКИОТ ИСТОК“, напиша Трамп на Трут сошл, додавајќи дека разговорите ќе продолжат „во текот на неделата“.

Трамп исто така изјави дека му наложил на американското Министерство за војна да ги одложи „сите“ воени напади врз иранските електроенергетски објекти и енергетска инфраструктура за период од пет дена, „во зависност од успехот на тековните состаноци и разговори“.

Веднаш потоа Иран негираше дека се водат некакви разговори со САД.

Во меѓувреме, Корпусот на исламската револуционерна гарда соопшти дека ќе одговори на секој напад врз своите електроенергетски капацитети и дека ќе го држи Ормускиот теснец затворен на неодредено време. Овие изјави во неделата ги поттикнаа цените на нафтата да пораснат, а растот продолжи и во понеделникот, пред најновите случувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ