четврток, 25 декември 2025

Бунтовниците прават список на функционери на Асад што се сомничат за воени злосторства

Сириската исламистичка бунтовничка организација Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), која го зазеде Дамаск, објави дека подготвува список на функционери од владата на соборениот претседател Башар ал Асад што се одговорни за тортурата за време на неговото владеење.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тие, исто така, ќе распишат награди за информации за офицерите на сириската армија вклучени во воени злосторства, јавува Би-би-си.

Водачот на ХТС, Абу Мохамед ал-Џулани, рече дека ќе ги објави имињата на одговорните за тортурата и ќе побара репатријација за оние што побегнале во други земји, според британскиот јавен сервис.

Тој додаде дека ќе бидат обезбедени награди за информации за високи воени и безбедносни офицери вклучени во „воени злосторства“.

Додека продолжуваат истрагите во Асадовите притворни центри, бунтовниците синоќа известија дека пронашле речиси 40 тела во болничка мртовечница на кои имало знаци на тортура, јави Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ