среда, 11 јуни 2025

Бугарскиот парламент го одби предлогот на претседателот за референдум за еврото

Претседателката на бугарскиот парламент Наталија Киселова го одби предлогот на претседателот Румен Радев да се организира референдум за воведување на еврото, порачувајќи дека тоа е спротивно на уставот, пренесува бугарската новинска агенција БТА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Радев предложи одржување референдум за воведување на еврото следната година.

„Се сложувате ли дека Бугарија би требало да ја воведе единствената европска валута еврото во 2026?“, е прашањето кое би било поставено.

Владата го критикуваше предлогот, а еден министер кажа дека тоа е обид за саботажа на нејзините настојувања да го воведе еврото.

Враќајќи го предлогот, Киселова кажа дека тој не е во согласност со неколку члена на бугарскиот устав и договорот со Европската Унија и со одлуката на бугарскиот Уставен суд.

Бугарскиот Уставен суд уште претходно го одби барањето да се организира референдум за воведување на еврото.

Бугарската влада планира да го воведе еврото во јануари ако Европската комисија и Европската централна банка во јуни одлучат дека земјата ги исполнила сите критериуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ