недела, 7 декември 2025

Бугарија со закон ја презема контролата над рафинеријата на Лукоил

Бугарскиот парламент денес донесе закон со кој под државна контрола се става рафинеријата на руската групација Лукоил во Бургас, на Црно Море.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е последица на американските санкции воведени во октомври против тој руски нафтен гигант, што ја загрижи бугарската влада дека по санкциите ќе мора да се затвори руската рафинерија, најголемата компанија во Бугарија со промет од 4,68 милијарди евра во 2024 година.

Американските санкции, кои ќе стапат во сила на 21 ноември, „ќе доведат до прекин на работењето на рафинеријата поради одбивањето на сите страни да вршат плаќања на компаниите кои припаѓаат на Лукоил“, објаснија членовите на мнозинската партија кога го поднесоа предлог-законот, кој беше усвоен по забрзана постапка.

Лукоил индиректно поседува 99,85 проценти од рафинеријата Нефтохим во Бургас.

Бугарската влада ќе назначи посебен менаџер за управување со компанијата. Тој ќе биде овластен, со одобрение од владата, да ги продава акциите „по пазарната проценка“, одлучија бугарските пратеници.

За време на расправата опозицијата го обвини владејачкото мнозинство дека го забрзало усвојувањето на законот и дека состанокот на собраниската Комисија за енергетика траел едвај 30 секунди.

Тие изразија загриженост и за можноста администраторот да ги продава акциите, бидејќи тоа би можело да доведе до судска постапка против Бугарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ