вторник, 10 март 2026

Бугарија оди на осми избори во пет години

Бугарија ќе одржи нови вонредни парламентарни избори на 19 април, објави денес претседателката на земјата Илијана Јотова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Минатата недела Јотова го назначи Андреј Ѓуров, вицегувернерот на Бугарската народна банка, за претседател на преодната влада чија задача е да подготви нови парламентарни избори. Тоа ќе бидат осми избори во последните пет години во таа членка на Европската Унија и НАТО, пишува Ројтерс.

Претходната влада поднесе оставка на 11 декември по неколкунеделните улични протести поради нејзините економски политики и неуспехот во борбата против корупцијата.

„Ќе донесам декрет за распишување избори за 19 април“, објави Јотова на денешната прес-конференција по средбата со Ѓуров, кој ги претстави членовите на неговата преодна влада.

Бугарија, која се приклучи на еврозоната на 1 јануари, се соочува со продолжена политичка нестабилност со фрагментиран парламент кој не успева да формира стабилни владини коалиции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ