Меѓу причините тие наведуваат неправилности и доцнења во испораките, како и испораки на помали количества нарачани лекови. Одлуката на министерството да го забрани извозот на лекови од фармаколошките групи инсулин и аналози, СГЛТ2 инхибитори и лекови за намалување на шеќерот во крвта базирани на семаглутид, кој во последно време на големо се користи за лекување на дебелината.
Забраната вклучува и антибиотици базирани на азитромицин, во фармацевтски форми на прав за орална суспензија и гранули за орална суспензија. Бугарија го забрани и извозот на месалазин, лек за улцерозен колитис и Кронова болест, чиј недостиг е пријавен во 79 проценти од бугарските региони.
Министерството за здравство прво ја воведе забраната за извоз на инсулин во ноември 2023 година, а потоа повторно ги забрани испораките во февруари оваа година, па ја продолжи забраната во неколку наврати, продолжувајќи ја до крајот на ноември.






