Унгарскиот министер за надворешни работи нагласи дека новиот светски поредок зависи од билатералните односи, меѓувладината соработка и личните контакти, и дека дипломатските напори на американскиот претседател Доналд Трамп нудат шанса за мир, споредлива со Аврамските договору од 2020 година, кои ги нормализираа односите меѓу Израел и арапските земји.
Тој изјави дека покрај својата улога во мировните напори, Унгарија ги штити своите енергетски интереси. Сијарто ја критикуваше Украина за она што тој го смета за обид за политичка уцена преку прекинот на снабдувањето со сурова нафта преку нафтоводот Дружба.
„Унгарија направи сè за да ја спречи кризата. Доколку Европската Унија беше функционална организација, таа ќе застанеше во одбрана на Унгарија и Словачка, а Европската комисија треба да го повика Киев да престане со политичката уцена“, кажа Сијарто.
Унгарската влада „не планира да попушти“, истакнувајќи дека вклучувањето во конфликтот или финансиската помош за Украина би било спротивно на националните интереси. Унгарија, кажа тој, ќе обезбеди континуирано снабдување со енергија со користење на стратегиските резерви и поморски испораки до хрватските пристаништа.
„Правиме сè што можеме за да гарантираме непрекинато снабдување со енергија. Снабдувањето со гориво и енергија на Унгарија е безбедно, унгарската нафтена и гасна компанија МОЛ нарача поморски пратки кои се очекува да пристигнат во хрватските пристаништа до почетокот на март, а потоа во рок од пет до 10 дена во Унгарија. Ќе треба да искористиме само мал дел од нашите стратегиски резерви“, кажа шефот на унгарската дипломатија.






