четврток, 1 јануари 2026

Бројот на мртвите во Кран-Монтана се качи на 47, луѓе панично бегале од огнот (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Бројот на загинатите во пожарот што избувна во бар во Кран-Монтана во Швајцарија на Нова година се зголеми на најмалку 47, според швајцарскиот весник Блик, кој се повикува на информации добиени на местото на настанот.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Десетици загинаа, а повеќе од сто лица се повредени во пожар во бар во швајцарското скијалиште Кран-Монтана. Несреќата се случила рано утрово за време на прославата на Нова година. Пожарот избувнал околу 1:30 часот по локално време во барот „Ле Констеласион“, а причината засега не е позната, пишува Би-би-си.

Во изјава за медиумите полицијата потврди дека дошло до експлозија додека во барот траела прославата на Нова година.

На снимка што се шири на социјалните мрежи се гледаат луѓе што во паника бегаат од барот зафатен од пожар во Кран-Монтана. Некои бегале низ прозорците, додека излезот бил пренатрупан со луѓе. Според досегашните информации, се чини дека објектот немал доволен број безбедносни излези за толкава маса луѓе, со оглед на тоа што во тој момент во просторот се наоѓале околу 200 лица.

Најмалку 22 лица што во пожарот добиле тешки повреди се на возраст меѓу 16 и 26 години, покажуваат извештаите.

Според наводите на директорката на Универзитетската болница во Лозана, Клер Шарме, изнесени за швајцарскиот дневен весник „24 Ер“, повредените биле пренесени со хеликоптери во таа болница. Станува збор за еден од само два медицински центри во Швајцарија специјализирани за лекување тешки изгореници, заедно со Универзитетската болница во Цирих.

Поголем дел од настраданите имаат изгореници на повеќе од 20 проценти од површината на телото, изјави Шарме. Таа додаде дека нивното закрепнување ќе трае со недели, ако не и со месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ