недела, 10 август 2025

Брнабиќ: Во Сребреница апсолутно не се случил геноцид, што не значи дека не е ужасно воено злосторство

Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ денес изјави дека во Сребреница во 1995 година „апсолутно“ не се случил геноцид врз Бошњаците, што, додаде таа, не значи дека тоа не било ужасно воено злосторство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Брнабиќ за телевизијата Информер кажа дека злосторството од јули 1995 година во Сребреница „никогаш не смеело да се случи“.

„Тоа апсолутно не е геноцид, што не значи дека не е ужасно воено злосторство. Геноцид е она што им се случи на Србите во НДХ (Независна Држава Хрватска) за време на Втората светска војна“, кажа претседателката на српскиот парламент.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изрази сочувство до семејствата на бошњачките жртви по повод одбележувањето на 30 години од „страшното злосторство во Сребреница“.

„Денес се одбележуваат триесет години од ужасното злосторство во Сребреница. Не можеме да го промениме минатото, но мора да ја промениме иднината“, порача Вучиќ на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека е „убеден дека слично злосторство никогаш повеќе нема да се случи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ