четврток, 2 април 2026

Брнабиќ: Ќе го молиме Вучиќ да се кандидира за премиер на Србија

Претседателката на српскиот парламент и функционерка на Српската напредна партија (СНС) Ана Брнабиќ најави дека претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе ги покани сите политички групи во земјата на дијалог, но изрази сомнеж дека многумина ќе одговорат на поканата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кога зборуваме за недостиг од дијалог, не мислиме дека Александар Вучиќ не го сака. Оние кои постојано се залагаат за дијалог, всушност упорно го отфрлаат“, изјави Брнабиќ за РТС.

Таа нагласи дека најтешкиот дијалог ќе биде со членовите и раководството на Српската напредна партија.

„Прво, затоа што мислам дека луѓето во Српската напредна партија се презаситени од молчењето за двојните стандарди и отвореното лицемерие кое го слушаме од Брисел. Речиси и да нема некој во СНС кој е поголем Европеец од мене, а ако мене ми зовре, тогаш можете да замислите како е за другите членови“, кажа Брнабиќ.

Според неа, дијалогот е неопходен поради вонредните парламентарни избори, но и поради надворешно-политичкиот правец на Србија.

„Единствената причина зошто претседателот Вучиќ сè уште не свикал вонредни избори е тоа што светот се соочува со криза каква што не е забележана во нашиот живот. Тоа е криза во споредба со која светската економска криза од 2008 и 2009 година ќе изгледа смешно. Ќе има недостиг од гориво и храна бидејќи нема вештачко ѓубриво на пазарот, а нема ни да има“, кажа Брнабиќ.

Таа додаде дека, благодарение на претседателот Вучиќ, Србија е подобро подготвена за оваа криза од многу од светските и најсилните земји во Европа.

Зборувајќи за вонредните парламентарни избори, Брнабиќ најави дека во СНС ќе го молат претседателот Вучиќ да биде кандидат на партијата за премиер.

Таа истакна дека Вучиќ не може повторно да се кандидира за претседател на државата, поради што, како што тврди, ректорот на Универзитетот во Белград Владан Ѓокиќ „бега“ од парламентарните избори и ја најавува својата кандидатура за претседателските избори.

„Значи, тој не сака да излезе да се бори со најсилниот меѓу нас“, заклучи Брнабиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ